Joyce Meyer
Joyce Meyer

Ти имаш иднина и надеж

Еремија 29:11 “Зошто Јас ги знам плановите што Ги имам за вас,” вели Господ, “планови да напредувате а не да ве повредат, планови да ви дадат иднина и надеж.” Нели е утешно да знаете дека има план за вашиот живот? Без разлика што се случува патем, без разлика на погрешните свртувања и погрешни чекори, Бог те водел до овој момент. Всушност, Тој те води точно до Него самиот. Фактот на ова прашање е дека твојата крајна надеж и иднина се во Него.

Тоа едноставно значи, дека ти можеш да го живееш целиот свој живот со и за Исус. И заради Него, заради Неговите ветувања дека никогаш нема да те остави и заборави, ти сега имаш нешто за кое треба да бидеш многу возбуден!

Тоа е патување: Доживотен процес

Можеби се прашуваш себеси, Што да правам сега кога го прифатив Христос? Тоа е прекрасно прашање како што го направи твојот прв чекор. Иако денес не се чувствуваш поразлично, знај дека Христос почна да работи внатре во тебе.

Колосјани 2:6-7 вели, И сега, исто како што Го прифативте Исус Христос како ваш Господ, мора да продолжите да Го следите. Вкоренувајте се во Него и нека вашите животи бидат градени на Него. Тогаш вашата вера ќе зајакне во вистината во која бевте поучени и вие ќе бидете преплавени со благодарност. Тие корени се зацврстуваат преку молитва, читањето на Божјиот Збор, Библијата и дозволувајќи Светиот Дух да ве води и насочува.

Почнете го вашиот живот со Христос

Ветувањето на Божјото Слово и зборовите што Исус ги зборува на Неговите ученици се овие: крадецот доаѓа само да украде, убие и уништи; Јас дојдов за да имате живот и тоа да го имате во изобилие.Јован 10:10

Вие сте повикани да живеете целосен и возбудлив живот во Христос, а ние сакаме да ви помогнеме да го почнете силно вашето патување.

Facebook icon Twitter icon Instagram icon Pinterest icon Google+ icon YouTube icon LinkedIn icon Contact icon