Ако сакаш да го зголемиш твоето себеприфаќање и твоето мислење за себе си, одлучи се уште овде и сега дека веќе ниту една негативна работа за себе си нема да излезе од твојата уста. Општењето во нашата вера е делотворно во познавањето на секое добро што е во нас заради Исуса Христа, не со познавањето на секое лошо во нас. Ѓаволот сака да ги препознаеме сите лоши нешта кои ги гледаме во себе си, бидејќи тој не сака општењето на нашата вера да биде делотворно. Тој сака да го поминеме секој можен момент признавајќи во нашиот ум и од нашата уста колку сме ужасни, бидејќи, како обвинител на нашите браќа (види Откровение 12:9-10), тој постојано се обидува да ни го сврти вниманието од тоа кои сме ние во Христос, кон нашите недостатоци.
Превземи