Зборот стрес оригинално се користел како инженерски термин и се однесувал на количина на сила која некое тело може да ја поднесе пред да се сруши под притисок. Во наше време, зборот се проширил за да означува не само физички притисок, туку и ментална и емоционална напрегнатост. Како човечки суштества, јас и ти сме градени така што можеме да поднесеме нормално количество на стрес. Бог нè создал да можеме да поднесеме одредена количина на притисок и напрегнатост. Проблемот доаѓа кога се туркаме себеси над нашите ограничувања, над она за кое сме создадени да го поднесеме, без трајно оштетување.
Превземи