
НАДЕЖ за тешки времиња
Можеби се справувате со непредвидена трагедија и не сте сигурни како да ги соберете парчињата и да одите напред. Или, можеби, страдате од медицински проблем и немате начин да одите на лекар. Знам дека толку многу луѓе живеат од ден на ден, несигурни од каде ќе дојде нивниот следен оброк.
Кога поминуваме низ нешто неверојатно тешко, ние можеме да бидеме во искушение да се откажеме и да се предадеме. Сепак, единствена најголема работа што можеме да ја направиме е да веруваме во Бог и да останеме полни со надеж. Но, што навистина е надежта?
Надежта е самоуверено очекување дека нешто добро ќе се случи. Таа е тесно поврзана со нашата вера и она во коешто веруваме. Кога ние се осмелуваме да се надеваме, тоа го преплавува нашиот живот со радост и мир.
Непријателот сака да бидеме со помалку надеж. Тој сака да нè убеди дека сè е изгубено и ништо нема да излезе како што треба. Но, Бог сака да бидеме полни со надеж – да веруваме и да очекуваме големи работи од Него. Всушност, Библијата вели дека Тој е „Бог на надежта“, полн со милост и нови почетоци (види Римјани 15:13).

Отворен разговор за депресијата
Радоста останува кога доаѓа на Божји начин!
ПОДИГНИ ЈА НАДЕЖТА!
Зошто да не веруваме во најдоброто и да ја отвориме вратата на тоа кое Бог може да го направи?
Отворен разговор за стресот
Секој е под стрес. Стресот е нормален дел на секојдневниот живот.
Отворен разговор за несигурноста
Ако сакаш да го зголемиш твоето себеприфаќање и твоето мислење за себе си, одлучи се уште овде и сега дека веќе ниту една негативна работа за себе си нема да излезе од твојата уста.
Отворен разговор за стравот
Пораката: “не плаши се, зошто Јас, Господ, сум со тебе” е изразена на многу различни начини низ Библијата.
Отворен разговор за обесхрабреноста
Божјата волја за Неговите деца не е да бидат измачувани или угнетени.
Отворен разговор за грижите
Кога донесуваш лоша одлука, кога одлучуваш да се грижиш наместо да Му веруваш на Бог, ќе почне да ти биде непријатно и ќе си го загубиш мирот.
Отворен разговор за осаменоста
Бог сака да знаеш дека не си сам.