Кога ќе научиш како да Го познаеш Исус, ти почнуваш едно прекрасно патување во Божјиот план за твојот живот. Римјани 3:23 вели вака: зошто сите згрешија и се лишени од Божјата слава. Да Го познаваш Исус значи едноставно да ја признаеш твојата потреба за Него, да веруваш во она што Тој направи за тебе и да го прифатиш Неговиот прекрасен подарок.
Преку тоа препознаваш дека не можеш да го живееш овој живот по твое, дека си згрешил и дека ти треба Спасител. Добрата вест за познавањето на Исус, за да бидеш спасен, е прекрасната размена што се случува во тој момент. Ти Му ги даваш на Исус сите лоши и грешни работи кои си ги направил, а за возврат, Бог ти дава се што Тој има за тебе. Дали сеуште го знаеш тоа или не, Неговиот план за твојот живот е прекрасен, и ова е првиот чекор на тоа патување.